Иако мажите и жените би требало да бидат рамноправни, па дури и припадничките на понежниот пол да имаат поголеми привилегии, во 2023 година во Македонија тоа не е случај дури ни кога станува збор за издржување на затворската казна.
Додека за жените осуденички единствен избор е КП „Идризово“, мажите можат буквално да бираат каде сакаат да ја одлежуваат казната. Оние со потешки дела остануваат во Идризово, додека другите може да бираат дали во Штип, Прилеп, некој друг затвор или пак во најпопуларниот во Струга.
Најтипичен пример за дискриминација е поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која издржува затворска казна за случајот „Тенк“ а згора на тоа против неа се водат уште два случаи.
Сега веќе поранешниот директор на Управата за извршување на санкции Марјан Спасоски признава дека има пропуст во правиликот на КП „Идризово“.
Во случајот „Јанкуловска“ станува збор за женско осудено лице и се наоѓа во Идризово во затворен тип тука има пропуст во делот на правилникот.Во овој момент хендикеп за неа е што се наоѓа на издржување на затвор во КП Идризово бидејќи женско оделение има само во тој затвор.Тоа е дискриминација и работиме на тоа правилникот да биде сменет.Сега утврдивме дека женските затворенички се дискриминирани-објасни Спасовски за „А1он“.
Адвокатот Влатко Илиевски овој пропуст детално го објасни во интервјуто за „Република. Тој потврдува дека има неусогласеност помеѓу правилникот за распоредување и разместување на осудените лица со законот за изршување на санкции.
Од друга страна фактот што осудениците од женски може да издржуваат казна само во „Идризово“ кој што е од затворен тип, за разлика од мажите кој можат да бираат каде ќе отслужуваат ги става во нееднаква положба односно ги дискриминира.
Поднесов и претставка до Комисијата за заштита и спречување на дискриминација и се надевам дека и тие ќе најдат доблест да реагираат. Станува збор за оние осудени лица против кои се водат и други постапки.Користењето на погодностите како што се викенди или посети надвор од установата, одмор, работен ангажман тие се поврзани со условот да не се водат други постапки. Ваквиот услов е спротивен во помеѓу одреби со законот за извршување на санкции па и со презумција на невиност затоа што голем број од тие од тие постапки можеби ќе завршат со осободителна пресуда. За разлика од нив, овие услови не важат за мажите-објаснува адвокатот Илиевски во интервујото за „Република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.