ОД ВМРо-ДПМНЕ реагираат дека владата на ДУИ и СДСМ се задолжува 900 милиони евра, за ДУИ да краде и профитира, а народот да плаќа.
Задолжувањето кое го најавува владата од 900 милиони евра е задолжување кое треба да послужи за отпочнување на еден проект кој долго го најавува ДУИ, а за која цел бизнисмен близок до ДУИ влезе во сопственичката структура на една стара македонска градежна фирма.
Парите од задолжувањето треба да поминат преку фирмата која сега е во сопственост на човек близок до ДУИ.
На тој начин државата зема кредит, народот плаќа, а профитот го носи ДУИ.
Сето ова е испланирано на штета на македонските граѓани. А долгот по ова задолжување ќе биде над 8 милијарди евра, и иако дуплиран во споредба од пред 5 години резултат и проекти нема, само криминал и корупција – се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.