Владата дозволила Дестани да влезе во Иловица, веднаш потоа институциите ја враќаат и Концесијата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
9 дена откако Дестани влегува во Иловица, Управниот суд ја поништува Одлуката за еднострано раскинување на Концесијата. Дестани влегол во фирма, за што платил, а според закон требал да плати и 7% од висината на Концесијата на име такса, која немала активна Концесија. Ниту Дестани, ниту било која друга фирма нема да влезе во деловен однос каде шансите за успех се 0%, освен ако зад тоа не стои СДС и ДУИ со ветување, велат од партијата.
Од таму додаваат дека откако Дестани влегува во Иловица, не само што е вратена Концесија, туку и се спојуваат Концесиите, а Ковачевски глуми дека ништо не знае, а всушност се знае и најмалку два пати на влада давал согласност поврзано околу влезот на Дестани во Иловица и спојувањето на концесиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.