ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја презентира програмата со која ќе настапи на парламентарните избори 2024, насловена „Платформа #1198“. Настанот е закажан за 12:30 часот во хотел Холидеј Ин Скопје. Пред почеток на настанот ќе се одржат 5 програмски дебати.

Првата програмска дебата ќе започне во 12:30 часот на тема „Патоказ кон иднината – Зајакнување на економијата, инфраструктурата и енергетиката“.

Втората програмска дебата ќе започне во 13:30 часот на тема „Дипломатски хоризонти – Реформи во политичкиот систем, стратегии за надворешната политика и дипломатија посветена на ЕУ“.

Третата програмска дебата ќе започне во 14:30 часот на тема „Искористување на потенцијалот – Образование, култура, туризам и спорт за развој на државата“.

Четвртата програмска дебата ќе започне во 15:30 часот на тема „Нови стратегии за здравство и социјална политика – за поправедно општество“.

Петтата програмска дебата ќе започне во 16:30 часот на тема „Просперитетни заедници: Земјоделство, локална самоуправа и управување со животната средина“.

Во 18:00 часот свое обраќање пред присутните ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при што ќе презентира дел проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори 2024 година „Платформа #1198“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.