Штом Ковачевски дезертирал од служење на воен рок со тапијата за ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН, тогаш постојат основани сомненија, врз основа на членовите 34, 35, 36, 37 и 38 од Законот за вонпарнична постапка, да се поведе процес за испитување и одземање на неговата деловна способност, вели опозицијата.

Штом знаел да трча по оправданија за неспособност кога требало да одговори на повикот на државата, тогаш сега кога е Премиер треба да се утврди дали е во состојба да ја врши функцијата.

Штом имал дијагноза за трајна неспособност тогаш, сега треба да се види дали НЕСПОСОБНОСТА прогресирала или е статус-кво.

Деловната способност е особено важна за функцијата Премиер, па затоа го повикуваме судот веднаш да реагира, се вели во соопштнеието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.