Денешната прес конфереција на СДС која е реакција на скандалот „Диво Месо“ на клиниката Онкологија само покажува дека оваа партија застанува во одбрана на канцер мафијата. Ова е потврда на нашите сомнежи дека целта на власта е преку развлекување на истрагата да спроведе нова операција „кабелот е крив“ овој пат и на клиниката за Онкологија.
Новите податоци кои беа презентирани покажуваат дека монструозниот скандал на Онкологија траел и во текот на 2023 година, со месеци и години после алармирањето во јавноста. После два месеци од отворената предистрага, институциите не покренаа ниту обвинителен.
Презентираните документи посочуваат дека и покрај скапите договори, не била доставувана навремено терапија за болните кои се третирале на клиниката, никој не ги предупредувал оние кои треба да испорачаат и никој за тоа не одговарал. А да потсетиме се работи за терапија која ја примаат најтешко болни и од која терапија зависи нивниот живот.
Дополнително, никој не водел евиденција каде и како завршувал вишокот од секоја отворена вијала, која чини огромни средства и постојат сомнежи дека истиот вишок бил даван во торбичка на пациенти за наводно да биде аплициран во други услови надвор од клиниката и истото било фактурирано како да е направено на клиника.
Се набавувало на ангро од омилената веледрогерија на СДС, се плаќале баснословни суми, не се водело евиденција каде завршува вишокот од секоја отворена вијала и повторно се создавал недостиг на терапија.
Овде се работи за канцер мафија, диво месо кое го уништува здравствениот систем на сметка на животите на пациентите. СДС може да излегува и да го брани овој криминал. Институциите кои ги контролираат може да го прикриваат скандалот, но одговорност ќе има. Анкетната комисија во Собранието извади многу работи на виделина и овие нови моменти кои беа презентирани се причина плус зошто Анкетната комисија треба да продолжи да работи и да го истражи во целиот. СДС не треба да ја опструираат вистината и правдата. Таа ќе ги стигне сите оние кои преку вакви монструозни бизниси се богателе на сметка на животите на пациенти, се наведува во партиската реакција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.