Владата на СДСМ и ДУИ ја турка Македонија во должничко ропство. Тие за 5 години ја задолжија државата речиси колку сите влади претходно. Долгот кога дојдоа на власт изнесуваше 4,7 милијарди евра, а сега веќе надмина 7 милијарди евра. Згора на тоа сега најавуваат ново задолжување од 900 милиони евра, што е најголемо задолжување кое Македонија го направила и со тоа долгот ќе дојде до 65% од БДП, односно ќе се доближи до фантастични 8 милијарди евра, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека ваквото ново задолжување од 900 милиони евра не е за развој , туку за одржување на буџетската ликвидност.
Со други зборови, заради дупката во буџетот, Македонија ќе ја задолжат со 900 милиони евра за преживување. Ете до каде не донесе оваа неспособна, неодговорна и криминална власт на СДСМ и ДУИ. Тие се задолжуваат, трошат на кафиња, мебел, службени возила, цвеќиња, фстаци, а народот после сето тоа ќе го враќа, се вели во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.