СДСМ не ја намали невработеноста, туку ја зголеми бројката на иселени. Од почетокот на пандемијата имаме значајно намалување на активното население (збир од вработени и невработени лица), но затоа бројот на неактивните лица значајно се зголемува. Активното население се намалува за 30.251 лица, при намалување на бројот на вработените за 15.830 и на невработените за 14.421, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Остатокот од вкупното работоспособно население се неактивните лица чиј број е зголеми за 26.878, што покажува дека лицата кои останале без работа и кои биле невработени и пред кризата, сите се префрлаат во неактивни односно не бараат работа. Затоа стапката на активност од 57,4% во првиот квартал на 2020 година се сведе на 55,7% во последниот квартал на 2021 година, додека стапката на невработеност од 16,2% на 15,2%.
Дека се работи за иселување, а не за намалување на невработеноста се гледа и од податок на ЕВРОСТАТ, според кој во 2012 та година биле издадени 9 317 работни дозволи од земјите на ЕУ за македонски државјани, во 2019 та година бројот на издадени дозволи е 26 653 или три пати повеќе луѓе отишле да работат во странство затоа што со СДСМ, со Зоран Заев и Ковачевски тие буквално не гледаат никаква иднина во Македонија, стои во партиското соопштение.
Од ВМРО ДПМНЕ додаваат дека сополнително загрижува фактот што за намалувањето на вработените е забележано исклучиво во приватниот сектор, каде бројот е намален за 27.996 лица, додека бројот на вработени во субјекти со друга сопственост е зголемен 12.166 лица. Според ДЗС во друга сопственост влегуваат мешовита, задружна и државна сопственост.
Ова зборува дека приватниот сектор со СДСМ на власт умира, се повеќе работни места се затвораат. Со СДСМ имаме само стагнација, затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.