СДС може да стои добро само на анкети кои ги прави нивен поранешен министер како Тевдовски со Преспа институт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС губи и тоа го покажуваат сите меѓународни и домашни релевантни анкети. Свесни дека губат, нема со што да го залажуваат членството, па и беше потребна лажна анкета, кој би направил подобра лажна анкета од поранешен министер на СДС?

Очигледно никој не се нафатил да прави анкета во која СДС мора да има добри резултати, па таа улога му паднала на Драган Тевдовски.

На сите анкети ВМРО-ДПМНЕ има предност пред СДС во сооднос 2:1. Сите во СДС го знаат тоа, и затоа го нашле Тевдовски да им прави анкета на која би стоеле добро.

Тевдовски е министерот за финансии од СДС кој требаше да донесе живот и да ја реформира државата, по неговото владеење имаме само пустош.

Анкетата на Тевдовски е толку точна, колку што тој успеа да донесе живот и подобар економски стандард, се наведува во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.