Политички и полициски структури на СДС го штитеа и замижуваа пред поведението на Љупчо Палевски Палчо, затоа што им одговараше. Преку своите поткасти и емисии на интернет портал, ширеше омраза и создаваше токсична атмосфера. Власта го охрабруваше да навредува, клевети, да се заканува, а кога Палевски се почуствува доволно недопирлив премина на рекет, уцени и на крај заврши со двојно трагично убиство, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

МВР, Спасовски, Ковачевски и СДС молчат за скандалот пред 7 месеци кој ја потврдува неказнивоста на Палевски. Имено Палевски и неговата група во месец мај 2023 била фатена со нелегално оружје додека копале злато, за сега Палевски и истите неговите соработници да бидат поврзани со едно од најгрозоморните убиства во Македонија. Ете тоа е резултатот на неказнивоста и нефункционалноста на институциите раководени од Ковачевски, Спасовски и СДС. Двојното убиство немаше да се случи, ако обвинетите тогаш беа санкционирани за нелегано оружје.

Нервозата во СДС е голема, затоа што не им e чиста совеста. Нервозни се затоа што народот гледа дека охрабруваа и дозволуваа сеење на омраза и создавање на токсична атмосфера, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Нервозни се затоа што знаат дека постоеле пропусти во истрагата и затоа што знаат дека нивните грешки кои невешто ги кријат, чинат нечии животи, додаваат од опозициската партија.

Од СДСМ па велат:

Христијан Мицкоски да не молчи за средбата Палевски, туку да одговори. Ако Мицкоски навистина има поинакви информации за случајот со двојното убиство треба да ги достави до ОЈО. Прикривање докази е кривично дело.

Палевски, кој е осомничен за двојното убиство што ја потресе целата македонска јавност, беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ и јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица.

Со радикални ставови, Палевски беше алатка на ДПМНЕ во црна кампања против СДСМ но и против се што означува демократија во Македонија и за подгревање етнички тензии.

Неговата маргинална политичка партија со радикална и проруска ориентација е производ и алатка на политиките на преќутна агресија од страна на ДПМНЕ во изминативе две децении.

Затоа, надлежните органи, пред се Јавното обвинителство согласно законот имаат обврска да ги истражат односите на Палевски со сите негови соработници, вклучително и Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.