Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика да се стави на дневен ред точката за измена на Изборниот законик и таа да се исгласа, со што ќе се исполни барањето на помалите партии за една изборна единица.

Денес, утре, еве веднаш нека ја стават точката за една изборна единица на дневен ред и сите сложно консензуално да ја усвоиме. Или пак да помине не мора консензуално, има политички партии што се против тоа, тие што се таму да ја усвоиме оваа измена за една изборна единица што беше практично и барање на помалите партии, нели Народна на Георгиевски, ДOM на Морачанин, ЛДП на Милевски, Демократски сојуз на Трајанов, и останатите бараа една изборна единица и тоа е колку што знам коалициски договор со СДСМ, вели Мицкоски.

Тој додаде дека бидејќи СДСМ во моментот тактизира не знае сега дали ќе застане зад овие партии, дали ќе застане зад ДУИ.

Еве ние како ВМРО-ДПМНЕ велиме едноставно е ајде во парламентот да го усвоиме тоа што го бараат овие партии, да имаме една изборна единица, гласот на граѓанинот секаде да тежи подеднакво, па потоа нема проблем ќе составиме работна група која што заедно со Тупанчевски ќе работи на измените на изборниот законик и препораките на ОБСЕ/ОДИХР“ нагласи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.