Денеска во Радовиш беше отворен нов простор за венчавање, кој и исто така ќе биде истовремено и мултифункционален. Односно во него ќе биде сместена и галерија, постојана галерија каде што уметниците ќе ги излагаат своите дела и каде што ќе креираат.

Во продолжение интегрален текст и видео од обраќањето на градоначалникот на општината Ацо Ристов:

Добар ден, да ви посакам добредојде едно топло во Радовиш, денеска сте сведоци на еден многу мил настан кој за радовишани многу значи, а тоа е отворање на нов простор за венчавање кој што исто така ќе биде истовремено и мултифункционален. Односно во него ќе биде сместена и галерија, постојана галерија каде што уметниците ќе ги излагаат своите дела и каде што ќе креираат.

Ова Општината Радовиш го направи по барање на граѓаните кои што со години просторот за венчавање им беше многу понижувачки да ви кажам искрено, меѓутоа сега го гледате она позади нас е тоа го крстивме – Музеј на љубовта и уметноста. Затоа што овде ќе се склучуваат бракови, овде ќе се случуваат најубавите настани. И се надеваме дека граѓаните во Радовиш конечно ќе добијат достоинствено место.

Освен овој проект денеска исто така ќе пуштиме уште два објекти во употреба, тоа е централната градска улица која што е комплетно реновирана со сета урбана опрема, со сите инфраструктурни објекти, тоа беше исто барање на граѓаните да стане таа конечно прометна улица бидејќи целиот простор и сето движење од овде беше уништено. Се надеваме сега со ставањето на улицата во промет овој дел од Радовиш ќе го заживееме.

Исто и Паркот на младите ќе доживее наскоро нови содржини и на тој начин ќе добие градот и граѓаните на ова место.

На крај ќе пуштиме уште една голема улица во употреба тоа е во Урбан блок 9 каде што граѓаните после долги години дојдоа до инфраструктурен објект улица која што ќе ја користат генерации, изјави Ристов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.