ВМРО-ДПМНЕ од денес почнува со активна блокада на Собранието со цел да издејствува предвремени парламентарни избори.
Ковачевски имаше доволно време да излезе од сенката на Заев и да го стави интересот на народот во прв план, но не се осмели, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Своето барање за предвремени избори тие го поткрепуваат со официјалните податоци на ДЗС за двоцифрена инфлација.
За една година цените на основните производи се зголемени од 10% до 50%. Народот плаќа 30% поскапа струја и 15% поскапо парно. И секој ден има се повеќе проблеми, Ковачевски не е нов во политиката, тој беше и заменик министер за финансии. Тој е дел од проблемите, и не може да биде решение. Ковачевски треба да сфати дека Заев нема да му ги реши проблемите, тој е премиер и за сите неуспеси е директно одговорен самиот тој. Но неговите неуспеси ги плаќа и народот кој е се посиромашен. Затоа нема повеќе простор за нови обиди, државата е донесена до ситуација на повеќе кризи.
Токму затоа потребни се предвремени парламентарни избори, а активната блокада е одговор на игнорирањето на власта.
Вчера опозицијата ја блокира работата на Законодавно-правната комисија во Собранието, со што пропаднал обидот за усвојувањето на „автентичното толкување“ на Законот за игри на среќа.
После целодневна истрајност против “шверцерската” коалиција се прекина ЗаконодавноПравна Комисија и пропадна обидот за усвојувањето на “автентичното толкување” на Законот за игри на среќа (т.е. формирање на паралелна лотарија на двајца министри од ДУИ).
Ова е тимот кој имаше подготовка за “Активна Блокада”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.