Од денес поскапи горивата, а Бислимоски на Јадран на ручек во луксузен ресторан, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ноќеска на полноќ горивата со одлука на РКЕ, каде Бислимоски е претседател поскапеа за 1.5 денари.

Цената на дизелот во малопродажба е 87.5 денари, а на бензинот 85.5 денари. Цените на горивата сега се и над 70% поскапи од пред една ипол година.

Високата цена на горивата не се должи само на растот на цената на светските берзи, туку и на акцизата која владата на СДСМ и ДУИ ја зголеми за 13.13 денари од 2017 до денес.

Да не беше зголемувањето на акцизата од СДСМ и ДУИ, денес дизелот ќе се продаваше по максимум 74.5 денари, а бензинот по 72.5 денари. Но СДСМ и ДУИ решија да ја зголемат акцизата за да има повеќе за матни тендери и трошење на функционерите.

И додека народот плаќа поскапо, власта се луксузира, како Бислимоски на Јадранот, стои во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.