Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Обвинителството се обидува да го забошоти скандалот со Онкологија.
Како што велат, и по два месеца нема никаква реакција, нема информација, не се отвора истрага, а камо ли пак да се покрене обвинение.
Во јавноста и медиумите, но и на анкетната комисија во Собранието на виделина излегоа грозоморни податоци дека на Онкологија бил создаван вештачки недостаток на лекови, дека се набавувало на ангро скапа терапија од омилената владина веледрогерија, дека лековите биле изнесувани без протокол и без евиденција, дека дел од терапијата завршувал на црниот пазар, дека не се користил софтвер и Като систем кој ќе водел контрола на трошењето на скапата терапија, дека пациентите не биле соодветно третирани, немало термини и уште десетици други застрашувачки податоци.
Овој скандал „Диво Месо“ на виделина ја извади целата канцер мафија која на грбот на најтешко болните се богатела.
И сега наместо да излезе Обвинителство со конкретни имиња кои се виновници, тие молчат и се обидуваат да фрлат дамка на сите за да ги спасат вистинските одговорни.
Тоа не е ништо друго туку нова операција „кабелот е крив“. Ако оваа власт нема волја да ги разоткрие криминалите на клиниката на Онкологија, ако нема интерес овој врв на обвинителството да го разреши скандалот, за многу скоро ќе има промена на власта, по што ќе следи сериозна истрага и одговорност.
Одговорност ќе има и за канцер мафијата, но и за сите оние кое ова го дозволувале и го прикривале, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.