Нема потреба од загриженост во редовите на СДС, ВМРО-ДПМНЕ нема намера во овие моменти да преземе било кој од коалициониот пакт на Левица – СДС – ДУИ, велат од ВМРО ДПМНЕ, како реакција на прес конференцијата на СДСМ.

Од друга страна Каевски треба да одговори дали е прифатливо за СДС да се откаже од технички премиер од редовите на ДУИ?

Дали до толку СДС е седната во скутот на ДУИ?

Дали СДС мора да молчи и да прифати за технички премиер да постави човек од дувлото на криминалот и корупцијата во Македонија – ДУИ?

Дали СДС е до толку потчинета во однос на криминалците од ДУИ, па се спремни да ја брукаат и Македонија со технички премиер од дувлото на криминалот и корупцијата, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Претходно од СДСМ обвинија дека во интервју на Канал 5 телевизија Мицкоски кажа дека е за коалиција на ДПМНЕ со Левица.

Во нивното соопштение до јавноста тие велат дека ова било директна потврда на Мицкоски на она она што го говорат цело време и директно поврзано со коалицијата на ДПМНЕ и Левица.

Понатаму од СДСМ велат:

Почитувани граѓани, видовте и слушнавте.

И покрај тоа што Левица е анти-ЕУ и анти-НАТО партија Мицкоски вели “никогаш не треба да се вели никогаш“.

А за вредностите ќе седнел на маса и ќе преговара.

За кои вредности ќе преговара Мицкоски за брак со Левица?

За проруските вредности на Левица? Против НАТО ли ќе преговара Мицкоски?

Или за потпалувачката анти-ЕУ реторика?

Паднаа сите маски на ДПМНЕ.

Наутро ДПМНЕ праќа соопштение против Левица, а попладне Мицкоски зборува за коалиција со нив.

Ова јавно признание на Мицкоски ја покажа вистината за неговите политички дилови со Левица на штета на државните и национални интереси.

Мицкоски е во дил со партија која е против НАТО и ЕУ и фактор на дестабилизација, изолација и загрозување на европскиот пат на земјата, рече на прес конференција Дарко Каевски од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.