Владата набавува златни чинии и лажици за пиунот Ковачевски, а во исто време народот нема леб да јаде. Додека инфлацијата го јаде стандардот на народот, додека поскапуваат цените на лебот, маслото, шеќерот, додека поскапува цената на струјата и парното, додека граѓаните плаќаат милиони евра за приватни ковид тестови, главен приоритет на заевизмот е да обезбеди луксузен кујнски прибор за пионот Ковачевски. Oва денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека па така однародената власт на Заевизмот набавува чинии од 88 евра по парче, лажици од 10 евра по парче, кристални чаши во време на економска , енергетска и здравствена криза. Ова е уште еден показател дека елитата на СДСМ секогаш јадела со златни лажици додека народот едвај врзувал крај со крај. Така беше и во време на транзицијата и криминалната приватизација, така е и сега. Впрочем и самиот Димитар ковачевски е дете на таа елита од транзицијата.

Ова мора да престане. Заевизмот мора да биде поразен на предвремени парламентарни избори бидејќи заевизмот е најголемиот проблем на народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.