Македонија доживеа тотален дебакл и трајно нарушување на преговарачките позиции со Бугарија заради ненародната и неспособна власт предводена од СДСМ и ДУИ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на СДСМ и ДУИ да каже за каков хибриден напад обвинуваат и зошто истиот не бил спречен. Дали владата на Ковачевски прави дефокус од одговорноста за продажбата на државните интереси? Што точно подразбираат, Османи и Маричиќ под хибриден напад во државата? Доколку навистина имало напад врз државата, доколку како што вели Османи имало хибриден напад мора да има одговорност, бидејќи не било спречено на време и државата била нападната. Додека на Димитар Ковачевски за тоталниот неуспех во преговорите и неуспехот во распродажбата на државните интереси му се виновни експертите и граѓаните, на Бујар Османи и Бојан Маричиќ им е виновен хибридниот напад врз државата.
Најголем хибриден напад кој и се случува на државата е токму владата на СДСМ и ДУИ, предводена од Ковачевски. Вчера и Османи и Маричиќ јавно признаа дека ја лажеа целокупната македонска јавност со денови, дека го немале видено и разгледано францускиот предлог. Токму вчера излезе на виделина она кое што денови го потенцираме, дека Ковачевски, Османи и Маричиќ го преговарале и договарале, повеќе од 6 месеци, овој штетен предлог за Македонија, кој на крај и го прифатиле, за подоцна да се повлечат после притисокот на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните.
Целиот план на Ковачевски, Османи и Маричиќ им бил преку блиц- криг предлогот веднаш да помине во бугарското Собрание, што е одолговлечено поради оставката на бугарската Влада, а потоа и блиц-криг операција за поминување на овој предлог во Македонија, преку креирање на еуфорија за почеток на преговорите.
Одговорност за овој целосен дебакл во процесот за преговори со ЕУ мора да има за Бујар Османи и Бојан Маричиќ, одговорност и оставки за оваа трајна штета во преговарачкиот процес. Изборите се единственото решение – истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.