Македонија прв пат во историјата доби извештај, во кој ЕУ заклучува, дека нема напредок на државата во скоро сите полиња, а најлоша е состојбата во судството, владеењето на правото и распространетата корупција, во сите сфери на општеството, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коруптивните Ковачевски, Ахмети, Груби и останатите функционери на ДУИ и СДС, место да спроведуваат реформи, во меѓувреме си тераа милионски бизниси за нив и нивните роднини и мува не ги лазеше за Македонија. Гледаат до крајот на нивниот мандат, само да се нафатираат уште колку можат, на грбот на народот, да изнакупат, што повеќе имот во центарот на Скопје, да ги прошират своите бизниси, но и да спроведат нов арач за лојалните и чесните компании, велат од партијата.

Од партијата порачуваат: Единствен излез за државата и граѓаните се следните избори, каде ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи сите нив заедно на куп, со огромна разлика и ќе почне Македонија да се враќа на правиот пат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.