ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение му порача на премиерот Ковачевски дека уставни измени нема да има и оти е време тој да се исели од Владата а не народот од државата.

Уставни измени нема да има, Ковачевски нема пратеници за промена на Устав, нека се спрема за брзо заминување.Ковачевски ако имаше пратеници за уставни измени истите ќе ги ставеше на гласање многу одамна. Утре ќе се види повторно дека промена на Устав нема да има. Се што прави Ковачевски е држење на државата во заложништво заради неговата желба ден повеќе да остане на власт.Додека Ковачевски и власта продаваат магла, нивните пајташи низ државата прават криминал, договараат тендери и матни зделки, а народот се иселува.Време е Ковачевски да се исели од владата, а не народот од државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.