Македонија со Ковачевски и СДС втора во Европа по стапката на мизерија, народот не може да ги купи ниту основните производи. Македонија е втора (трета ако се вклучи Турција) на врвот на листата во Европа според Индексот на мизерија. Овој индекс којшто е комбинација на годишната стапка на инфлација и стапката на невработеност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Индексот на мизерија покажува дека стапката на страдање во Македонија е огромна. А тоа се гледа и по фактот дека две минимални плати не ја покриваат потрошувачката кошничка.

Инфлацијата е 20%, а порастот на цените кај храната и пијалоците е за над 30% за една година. Реалните покачување се и многу поголеми зошто цените на најосновните продукти се зголемени и за 100%.

Тоа што граѓаните го купувале пред 2 години за 500 денари, сега не можат да го купат ниту со 1.000 денари.

Мизеријата која е последици на лошите економски политики на СДС, предизвикана од инфлацијата која самата влада не ја спречи, и високата невработеност го јаде стандардот. Се поголем број на луѓе страдаат.

Оваа влада нема капацитет да ја извади Македонија од хаосот во кој ја втурна. Затоа потребни се избори и промени на оваа антимакедонска влада, подвлекуваат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.