По приведувањето на полицаецот Ивица Б., кој синоќа во кафуле во центарот на Скопје нападнал колега на должност, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека тој ќе биде отстранет од обезбедувањето лидерот Христијан Мицкоски.

Дел од медиумите претходно објавија дека полицискиот службеник бил шеф на обезбедувањето на лидерот на партијата Христијан Мицкоски, но од ВМРО-ДПМНЕ демантираат и велат дека тој е ангажиран како дел од обезбедувањето.

Од она што ни е познато станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници. Бараме органите, без задршка да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.