Вмешани во убиства, бизнис инперии – наместо министри за реформи во државата, Ахмети и Ковачевски нудат министри за крадење и криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека додека граѓаните не знаат како да го преживеат денот, додека луѓе умираат заради неспособноста на власта да набиви лекови, додека цените вртоглаво растат, Ковачевски, Ахмети и Таравари ја скрпија владата која нема ништо подобро да донесе за граѓаните и државата.
Оваа влада е со една и единствена цел, уште некој месец да се доопљчкаат граѓаните и државата, да се намести уште некој тендер и да се ужива во благодететите на министерските и директорските фотељи.
Па така правдата во државата ќе ја донесат Кренар Лога, кој е брат на осомничениот за убиството на Дилавер Бојку, како и Викторија Мадиќ, за која има покренато постапки за сомнителни тендери во Град Скопје, додека беше на функција секретар на градот.
Во рекострукцијата на најнеспособната влада предводена од Ковачевски, има и заменик министер сособен за секој ресор. Па така откако беше сменет од заменик министер во МВР, Нухиу стана заменик министер во правда, за сега истиот бидејќи е „најспособен“ заменик министер ќе биде втор човек во министерството за образование.
Кадрите на ДУИ редејќи успеси во образовниот процес, оставајќи ги учениците без учебници, со каснење на учебната година, ученици немаат елементари услови за да посетуваат настава, сега се засилени уште со еден кадар токму од ДУИ.
Толку од зеленеата агенда на ДУИ. Пазар 3 коалицијата реши дека ДУИ „ги постигна“ успесите во зелената агенда, и сега ова министерство го враќа кај неспособните од СДС.
Оваа е крпена коалиција, и влада која единствено ќе го подобри системот за крадење на граѓаните и без целосен легитимитет од граѓаните.
За излез од оваа агонија, потребни се веднаш предвремени парламентарни избори, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.