ВМРО-ДПМНЕ со најголема доверба помеѓу граѓаните, затоа администраторот на владата водена од ДУИ, Ковачевски, бега од избори, велат од партијата.
Според анкетите ВМРО-ДПМНЕ води со 22.5% пред СДСМ со 17.9%. Довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ константно расте, додека за СДСМ паѓа.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има најголема поддршка кај граѓаните споредено со сите политичари во Македонија.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски ја ужива довербата на 17.7% од граѓаните, наспроти Димитар Ковачевски кој го поддржуваат само 5.5%.
Ковачевски ги знае анкетите и тенденциите на јавноста, дека поддршката за СДСМ е во константен пад и затоа бега од избори.
Ковачевски нема легитимитет, а нема ниту СДСМ, затоа треба да има нови предвремени парламентарни избори час поскоро.
ВМРО-ДПМНЕ во таа насока идната недела ќе предложи до собранието измени на Изборниот законик, што ќе значи укинување на техничката влада пред избори, со цел да се скратат роковите и да можеме да одиме што побргу на избори, од 45 до 60 дена како што е уставно пропишано. Воедно ВМРО ДПМНЕ е подготвено да разговара и за барањето за една изборна единица, реагираат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.