Градоначалникот Кирил Пецаков ги демантираше пишувањата  дека е позитивен на Ковид-19.

“По шо гледам дека се шири брзо, интересна тема како и да е… Се тестирав, не заради симптоми туку заради патување во странство и најбитно и до ден денес никакви симптоми. Немат полошо ко ќе се составуваат текстови по охридски кафани, без да се јавите и да прашате. Добра ноќ”, напиша Пецаков на Фејсбук и притоа приложи и фотографија од тестот.

Истото го стори и секретарот на општината Александар Китески, кој порача дека е здрав, жив и постпразнично расположен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.