Ковачевски бегајќи од референдум го игнорира народот, а за енергетската криза не презема ништо, само покачува цени, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Фрапантно е што Ковачевски упорно го лаже народот дека со преговарачката рамка е заштитен јазикот и идентитетот, а со неа всушност се дава можност на Бугарија доколку во Комисијата за историски прашања не се договорат во однос на одредено прашање да не блокира, односно да стави вето на нашиот пат кон ЕУ, додека не се исполни бугарскиот ултиматум. Што значи тоа? Тоа значи дека ставовите во однос на историјата мора да ги воедначиме со бугарскиот поглед, а тој гледаме дека ги негира јазикот и нацијата, па така имаме блокада за која ништо не пишува во рамката, но која би се случила доколку се промени Уставот и се почне со преговарање по бугарски услови. За на крај сето тоа да резултира со целосна бугаризација, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат:

„Ковачевски го знае сето ова, но свесно турка бугаризација, само за ден повеќе да се задржи на власт. Токму затоа е потребен референдум, кој ќе го спречи ова предавство во режија на Ковачевски и Пендаровски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.