ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи закон за нивелирање на коефициентот на сложеност во образованието со минималната плата, СДСМ да го поддржи предлогот. Со нивелирање на коефициентот на сложеност на работните места во образованието со минималната плата, ќе дојде и до општ пораст на платите во образованието, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ги повикуваме пратениците на СДСМ, ДУИ и другите партии од власта да го поддржат овој предлог, кој ќе биде доставен до собранието, како и сите опозициски партии.
Предлогот е во согласност со буџетот на државата, и тој може да се изреализира доколку од власта намалат со непродуктивните трошења, договорите во четири очи и матните тендери.
Наставниците заслужуваат поголеми примања, и нивните барања се издржани. Власта наместо да им се заканува и да се обидува да ги попречува во штрајкот, да го прифати предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе биде поднесен во Собранието, а со кој ќе се решат проблемите на просветните работници, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.