Пендаровски на дело го покажа своето лицемерие. Соочен со тоа дека има зад себе мандат кој ќе остане запомнат по неговата конфузност, катастрофални изјави, и себе демантирање, тој посегнува по ниските лаги во предизборието. Можеби скапите странски стратези го советувале дека треба да игра на картата на поделби, на етикетирања и претставување на работите црно или бело, но еве да го разочараме дека тоа во оваа кампања нема да му помине, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пендаровски се обидува да го наметне наративот дека само тој и СДСМ биле проевропска опција и дека ако не биле тие на власт евроинтеграциите ќе пропаднат. И оваа реторика на поделби му се појави сега кога се наближија изборите, што само покажува дека на Пендаровски не му преостана ништо друго освен да сее магла. Но и самиот Пендаровски не верува на оваа реторика. Тој во момент на искреност, која ретко ја имал, признава дека и при промена на власта Македонија нема да отстапи од својот европски курс и евроинтеграциите ќе продолжат. Да го цитираме: “ мојата проценка од оваа позиција во која се наоѓам, кај што можам да ги гледам процесите и информациите од еден друг аспект и да имам и повеќе информации, од просечниот граѓанин кој си има и други приоритети во животот, е дека стратешката насока и при евентуална промена на власта нема да се менува“ (затворен цитат), велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: Фала многу на искрениот Стево кој најдобро го демантира Пендаровски кој сега пробува да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ, кој оди на меѓународни конференции и ја кодоши ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи дека така ќе добие поголема поддршка. Епа се лаже. Овој изблик на искреност на Пендаровски пред некое време е најдобриот одговор на сите лаги на кои тимот на Пендаровски ќе ја гради кампањата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.