Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека и самиот Димитар Ковачевски е свесен дека не може да ја извади државата од криза.
Од партијата порачуваат дека тое е причина поради која треба да договорат датум за избори.
Македонија се наоѓа во неколку кризи, енергетска која е предизвикана од криминалот и неспособноста на раководните лица во енергетиката и владата, економска, која е резултат на ненавременото планирање, неспособноста и криминалот.
И двете големи кризи се резултат на СДСМ и ДУИ. И тие не можат да бидат решение. Зошто не знаат, и немаат план.
Во енергетиката имаме скап гас, скапи горива, затоа што власта не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за 50%, поскапа струја и недостаток на домашно производство кое се компензира со екстра скап увоз – велат од ВМРО-ДПМНЕ
Оттаму додаваат дека во економијата имаме инфлација и дуплиран јавен долг.
Ковачевски да не го слуша Заев, кој има интерес да помине подолг период од неговото заминување во надеж дека ќе се заборави на неговиот криминал, и да прифати предвремени парламентарни избори.
Од датумот договарање до датумот на одржување, ВМРО-ДПМНЕ нуди и 4 тима од експерти кои ќе помогнат државата да се справи со последиците од кризата.
Само со нова влада на ВМРО-ДПМНЕ водена од луѓе експерти, луѓе од народот, државата ќе излезе од кризите во кои не втурнаа СДСМ и ДУИ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.