Хаосот со прославата на раѓањето на Гоце Делчев покажува дека државата е во распаѓање и системска неспособност која се гледа во секоја од областите. Срамно е тоа што поделбите и омразата се толку големи што одбележувањето на раѓањето на херојот помина во знакот на стотици ангажирани полицајци, хеликоптери, борни коли, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Ова ли е заедничкото пријателство со Бугарија за кое СДС и ДУИ говорат. Постојани навреди, закани, омаловажувања кои доаѓаат од источниот сосед, додека Владата нема никаков одговор. Историска комисија чии позиции се сомнителни и без јасни ставови. Никој од јавноста не знае за што се преговара и кои се македонските позиции.

Како што се неспособни од власта на Ковачевски и Ахмети во економијата, енергетиката, стопанството, тие се неспособни и во менаџирањето на односите и во секој еден од сегментите водењето на држава.

Сликата на стотици полицајци како ги чуваат моштите на Гоце Делчев од живите наследници покажува дека државата е на погрешна патека.

На погрешна патека сме и поради фактот што премиерот на државата Ковачевски и вицепремиерот Артан Груби со останатата свита како криминалци се прикрадоа на гробот на Делчев далеку од народот кој остана зад барикадите. Тоа е поради фактот што не сакаат соочување со народот. Тоа соочување мора да дојде, и ќе се случи на изборите кои се решение на тоа да престане пропаста на државата, велат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.