ВМРО-ДПМНЕ го презема мнозинството во Советот во Македонски Брод, објавено е на официјалната фејсбук страница на ОК на ВМРО ДПМНЕ Македонски Брод.

Европскиот фронт за кој СДС и коалицијата заедно со ЛДП беа многу гласни дека со преземање на мнозинството во Советот на општина Македонски Брод на пролет ќе оди на сигурна победа, траеше многу кратко. На денешната седница на Советот на Македонски Брод е разрешен претседателот Дијана Јованоска од СДС, заедно со коалицијата и ЛДП! За нов претседател е избран независниот советник Марјан Алампиоски, со поддршка од двајца советници на ВМРО-ДПМНЕ, еден од Левица, еден од Единствена Македонија и двајца независни советници. Коалицијата на СДС и ЛДП од денеска повторно се во опозиција во Советот на Македонски Брод!, пишува во објавата на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.