Народот недвосмислено, масовно и достоинствено кажува НЕ на ултиматумот и уцените содржани во предлогот, кој владата на Ковачевски е спремна да го прифати и на тој начин да дозволи бугаризација на Македонија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Власта преку прифаќањето на предлогот прифаќа и менување на учебници, менување на историјата, на историските настани и ликови, менување на Устав и слични понижувања. Со еден збор Владата прифаќа Македонија или да биде вечен преговарач или апсолутна асимилација.

 

Залудни се обидите на власта преку провокатори и преку исценирање на меѓуетнички судири да ги контаминира протестите. Кога веќе владата ги распродава државните и националните интереси, тогаш народот преку мирни и достоинствени протести ги штити – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму истакнуваат дека Владата заради функции и фотелји е подготвена на се, но тоа граѓаните го прочитаа и нема да им го дозволат.

Доколку власта реши да го турка овој процес насила, спротивно на волјата на народот, тогаш ВМРО-ДПМНЕ уверува нема да дозволи вакво национално предавство и ќе гласа против Уставни измени , кои се дел од уцените во ваквиот предлог.

 

Народот кажа Ултиматум-Не благодарам и овие сенародни протести и активности ќе продолжат и понатака, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржува – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.