ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на новинарите, потребно е да се тргнат стегите на слободната мисла и изразување. Власта е изворот на цензурата.

Недостоинствено и непрофесионално е што се етикетираат медиуми и тоа што власта и политички поединци кон медиумите гледаат непријатели.

За ваквиот амбиент во најголема мера одговорна е Владата на Ковачевски која веќе подолг период ги шиканира новинарите кои гласно ја говорат вистината, медиумите се ставени на отстрел, како на Ковачевски и министрите, така и на Али Ахмети.

Дури 61% од граѓаните сметаат дека во државата нема демократија. Ова е резултат непочитувањето на човековите права, ускратувањето на правото на слободно изразување и говор, секојдневното цензурирање и закани спрема медиумите.

За само една година резултатите на прашањето „Дали во Македонија е демократска земја“ незадоволството и негативниот одговор се зголемил за 21%. Во 2021 година оцена 1 и 2 дале 40% од граѓаните, 2022 година 61% од граѓаните.

Власта само декларативно зборува за слободи и права, а во реалноста ги оневозможува медиумите и новинарите во нивната работа.

Оваа власт нема капацитет за да се смени на подобро, со оваа власт медиумските слободи и права можат да бидат само повеќе загрозени, потребни се промени и нова влада со нов пристап, и загарантирани човекови права и слободи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.