Измените на кривичниот законик, кои ги изгласа власта, се ништо друго, освен амнестија на сите криминали, кои ги направија ДУИ и СДС, во минатите 7 години, на штета на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така со овие измени, одредени структури, имаат за цел, да направат раздор во опозицијата, претставувајќи ги истите, како нешто веќе божем договорено. Оваа теза падна во вода, по интервјуто на Али Ахмети, во кое тој истакна дека, заедно со Ковачевски и Груевски ги договарале овие измени. За да издејствува уставни измени, владата има план да му вети кривична неказнивост во Унгарија на Никола Груевски за тој да се врати, уставните измени да поминат во Парламентот. Ова е надежта од каде власта го влече оптимизмот кога вели дека можни се уставни измени. Јасно е дека ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема никаква врска со амнестијата што помина во собранието. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува овие заткулисни игри, кои имаат цел за спас на оние кои направиле криминал, на штета на народот. Уставни измеми нема да има, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.