Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, но, како што истакнуваат, тоа се залудни сценарија, затоа што секако ќе одат во опозиција.

Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи.

 

Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат.

 

ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека залудно е и полнењето кутии.

Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот.

 

Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја!, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.