Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека власта на ДУИ и СДС веќе не е само закана за народните пари на македонските граѓани, туку станува сериозна закана и за европските фондови. Оттаму додаваат дека за овие години нивна власт, Европската канцеларија за борба против измами – ОЛАФ регистрирала 18 случаи на злоупотреба на европски средства во Македонија, што е половина од сите злоупотреби во регионот.

Наместо за европски проекти, огромни европски средства ги јадела корупцијата и ова не е возможно да се случувало без знаење, согласност, па дури и директна вмешаност на високи владини функционери. ДУИ и СДС имаат полна уста со европски вредности, а во реалноста нивните џебови се полни со украдени европски пари. Зошто јавноста во Македонија за криминалот и корупцијата на власта освен од ВМРО-ДПМНЕ дознава од Брисел и Вашингтон.

 

Јавното обвинителство трае дури власта криминалот го прави. Наместо тие да ги гонат арамиите од власта, странски извештаи, мисии, комисии, институции го истражуваат криминалот во Македонија. Тоа само говори колку е уништен правосудниот систем во Македонија со оваа власт на ДУИ и СДС“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.