Димитар Ковачевски е дезертер кој во заложништво ја држи целата држава, реагираат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Според партијата, Ковачевски е само еден мал пион во рацете на една мала група на луѓе предводена од криминалецот Зоран Заев.

Ковачевски е човек кој е исплашен и изгубен од реалноста, исполнет со гнев и омраза. Доколку дезертерот Ковачевски е сигурен дека има 80 пратеници за уставни измени, веднаш да го свика Собранието. Свесен е дека нема двотретинско мнозинство за уставни измени и дека секојдневно ја губи поддршката од граѓаните.

Нека не се плаши клептоманот Ковачевски и нека го распушти Собранието и да го види револтот и гневот на народот за сите антидржавни политики, сите распродавања на националните интереси, како и за катастрофалните економски политики, велат од ВМРО ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.