Продолжи расправата за францускиот предлог во Собранието.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ арументирано излегуваат со стави за штетноста на овој предлог со кој Македонија нема да ги започне преговорите туку ова ќе наликува на поздравот од авиончето на Заев, Димитров и Османи.

 

Претенците од опозицијата сметаат дека Уставот треба да се отвори пред влезот на Македонија во ЕУ и дека сега тоа нема да го прифатат во никој случај.

Затоа бараат од премиерот Ковачевски да дојде во Собранието и да не се крие.

Пратеничката ЖаклинаПешевска рече дека францускиот предлог кој што се обидува да го протне владата на СДСМ и Димитар Ковачевски ја запечатува судбината на македонскиот народ, укажувајќи дека тоа што истиот се дискутира во собрание е всушност поделба на одговорноста која што власта не сака да ја преземе.

 

Со овој предлог ја запечативте судбината на македонскиот народ за многу години во иднина. Инаку, самото вмешување на собранието е само по себе преседан бидејќи се работи за меѓувладина седница, а не собраниска. Па оттука собранието е само параван на оваа влада и купување на време за да ја подели одговорноста со нас пратениците за документи за кои ниту сме консултирани, прашани, туку брутално заобиколени и маргинализирани, изјави таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.