Во 11 часот во Собранието продолжи седницата која вчера беше одложена за денеска, а на која се расправа за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за старт на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија.

За збор денеска се пријавени 42 пратеници, а вчера своето право на дискусија го искористија петмина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на чии дискусии имаше реплики од владејачката коалиција.

И додека власта се обидува да ја убеди јавноста во исправноста на одлуката да се поддржи францускиот предлот, претставниците на опозицијата и денеска со свирежи и транспаренти го изразуваат својот револт и несогласување со „поразот на македонската дипломатија“.

Иста атмосфера имаше и вчера кога пред Собранието се обрати премиерот Димитар Ковачевски со порака дека дека овој европски предлог за деблокирање на нашиот евроинтеграциски процес и за старт на преговорите на земјава со ЕУ на вистински начин ги отсликува нашите дефинирани позиции“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.