Димитар Ковачевски лажеше дека во Македонија не е користен шпиунскиот софтвер за следење на интернет комуникациите Предатор, за чие користење постои загриженост и во НАТО.Според наводите на грчки истражувачки новинари од Инсајд Стори, Македонија преку ОТА го има набавено шпиунскиот софтвер Предатор. Истражувачите новинари констатираат дека истиот е набавен, а демант од Ковачевски нема, вели Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали во Македонија е користен шпионскиот софтвер Предатор, е прашање поставено од пратеникот Ковачки до Ковачевски во април оваа година. Тоа е овој документ. На што Ковачевски еден месец потоа одговара дека за таквиот софтвер не е регистрирана употреба од страна на институциите. Тоа е овој друг документ.

Согласно наводите во истражувањето на Инсајд Стори, кои не се демантирани од Ковачевски, доаѓаме до заклучок дека Ковачевски лажел при одговор на пратеничко прашање.

Со помош на шпиунскиот софтвер Предатор во Грција се следени политичари и други јавни личности.

Дали и во Македонија се вршело нелегално следење со шпиунскиот софтвер Предатор, и дали под палка на Ковачевски незаконски се следени интернет комуникациите на граѓаните?

ЈО да отвори истрага веднаш. Постојат индиции дека безбедноста и приватноста на граѓаните е нарушена. Расветлување и одговорност мора да има.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.