Активната блокада е ефективна, откако СДСМ не го поддржа законот за АРМ предлог на ВМРО-ДПМНЕ, не можеа да донесат ниту дневен ред, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и ДУИ вчера се ставија против армијата и не го поддржаа законот за АРМ предлог на ВМРО-ДПМНЕ со кој им се подобрува статусот на припадниците на армијата. СДСМ и ДУИ работат на штета на војската и ги манипулираат војниците. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ откако не помина овој закон во текот на целиот ден спроведоа активна блокада со што оневозможија едноумие на СДСМ и ДУИ, кое има за цел само личен бенефит на поединци, но не и на народот. Активната блокада продолжува и денес. ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на се што не е во полза на граѓаните и на се што не е нужно за државата, а значи оптеретување на буџетот или полза на СДСМ и ДУИ. Ковачевски да се охрабри и да се спроведе дијалог за предвремени парламентарни избори. Избори се потребни час поскоро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.