Ако СДС пронајде струја која ја произведува Мицкоски тогаш слободно нека ја одземе, во спротивно што правиме со 26-те милиони евра тешката афера „Броило“. Дезертерот Ковачевски заедно со неговиот кум создал соларен картел преку кој се свртеле над 26 милиони евра, преку тендери од државни институции, како и државна помош, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните за овие пет години откако СДС е на власт чувствуваат единствено кризи.

За овие пет години откако СДС е на власт единствено има криминал, корупција и заробено судство.

За овие пет години СДС единствено успеа да изгради картели, криминогени мрежи за лично богатење и за осиромашување на народот.

Во овие пет години по нарко марихуанскиот картел, сега владее соларен картел којшто ја осиромашува Македонија.

Граѓаните со СДС на власт немаат ниту парно, ниту гас. Со СДС на власт единствено се затвораат фабрики, порачуваат од партијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.