Македонската дипломатија го допре дното. Ваков е ставот на познавачите на политичката сцена откако се дознаа имињата на новите конзули во САД. За експертите ова не е никако изненадување ако се знае дека од доаѓањето на оваа власт се случуваат само скандали со дипломати.

Тесно политичките интереси и блискоста со ДУИ станаа единствен критериум кој ќе биде претставник на земјата во странство.  Јавноста добро се сеќава на скандалот со дипломатите во Ерменија, па обидот за назначување на пробелатичниот Фрчовски за амбасадор во САД, па обидот да се направи измена во Законот за надворешни работи каде и срцето требаше да биде услов некој да биде испратен за дипломат.

Назачувањето на ТВ-презентерката Бесмира Ејупи  синот на политичкиот аналитичар Алберт Муслију, кој во дебатите жестоко ги брани политките на власта се само продолжение е само продолжение на таква пракса.

Македонија долго време нема амбасадори на клучни позиции поради тоа што власта и претседателот Пендаровски не можат да најдат заеднички јазик.

За назначување пак на конзули е друга процедура. Нив ги предлага МНР во договор со Владата. Но, во чл.49 од Законот за надоврешни работи  е наведено дека по правило за Генерален конзул се именува дипломат со високо дипломатско звање од МНР. По исклучок, доколку не е кариерен дипломат, тогаш треба да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и меѓународните односи. Ејупи и Муслиу тоа сигурно не се. Но и за нив ќе биде потребна егзекватура, односно одобрение од земјата домаќин.

Пораешниот дипломат Ристо Никовски смета дека кадровската политика е главниот услов на било која држава и оти Македонија се однесува како намерно да сака да колабира на меѓународната сцена.

Поинаку не може да се толкува фактот што во услови кога главните проблеми со кои се соочуваме се од дипломатски карактер а главните наши абасади, вклучувајќи ја и Бугарија се без амбасадори.Тоа повеќе наликува на некава саботажа отколку на одговорна политика.Најновиот случај со избор на конзул во Њујорк само докажува дека уништувањето на македонската држава е повеќедимензионо-објаснува Никовски за „Република“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.