Власта СДСМ/ДУИ спроведуваат насилство врз пратеници за да дефокусираат од тајните преговори во Софија со Бугарија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Насилие, физичка пресметка, недоличен речник е вистинската слика за криминалната власт на СДСМ И ДУИ.
На лудилото на власта и нема крај.
Граѓаните денес беа сведоци на вистинското лице на насилниците на ДУИ И СДСМ како физички нападнаа свои колеги мавајќи со чаши по нив.
Наместо СДСМ да го осуди ваквото насилничко однесување на Арбер Адеми застана во одбрана на насилството и го поддржа ваквото скандалозно однесување
СДСМ И ДУИ денес во Собранието демонстрираа сила и предизвикаа инцидент за да се дефокусира јавноста од она што тајно денес го реализираат.
Неспособната власт сака да ја дефокусира јавноста од тајните преговори кои денес се водат во Софија за предавствата на Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ.
Ваквите мрачни сценарија нема да им поминат. Премногу е! – се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.