Владата најавува дека ќе му го одземе државјанството на украинскиот бизнисмен Онишченко со тврдење дека лажел за своите податоци. Објаснувењто е дека  дека преку МВР ќе биде покрената постапка со користење на членот 14 од Законот за државјанство кој остава можност во вакви случаи да се поништи државјанството и пасошот.

Опозицијата пак смета дека овој скандал го подбива целиот безбедносен систем и институциите во државата и го руши кредибилитетот на Агенцијата за национална безбедност, директорување на Виктор Димовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Скандалозно е тоа што скоро две недели, институциите во државата не можат да откријат како Онишченко добил македонско државјанство, а премиерот Ковачевски наместо да побара одговорност од Димовски и веднаш да го разреши го испраќа за амбасадор во Франција-велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Оттаму напоменуваат дека се потребни се промени и функционални институции кои ќе гарантираат за безбедноста на граѓаните и почитување на уставниот поредок на државата.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.