Од самиот почеток на оваа пандемија, уште пред да го имаме првиот случај централната комисија на ВМРО-ДПМНЕ излезе со свои мерки, излезе со свои препораки и апелираше до власта, до министерот за здравство и до комисијата секако дел од тие мерки да бидат разгледувани. Пред се апелиравме на составот на комисијата препорачувавме истата таа комисија да се растерети од политиката, да се департизира, да се стават професионалци, елоквентни луѓе, експерти кои што навистина ќе допринесат со своето знаење, со својот кредибилитет во насока на успешна борба кон пандемијата“, истакна Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата на телевизија 24.

Андоновска додаде дека за жал комисијата на ВМРО-ДПМНЕ од страна на власта не беше послушана.

Сепак ќе оставиме на време да видиме дали и во кој правец ќе делува оваа комисија. Не можеме да речеме дека овие луѓе кои што се сега условно кажано нови немале можности досега да делуваат. Тие и да се нови, тие треба веднаш да почнат да делуваат, ние немаме време за чекање. Тие можеби се нови во комисијата, но пандемијата не е нова. Мерките и чекорите кои што треба да се преземат исто така не се нови. Освен што ВМРО-ДПМНЕ и централната комисија препорача департизација условно кажано на оваа комисија препорача и низа нови конкретни мерки, кои што за жал морам да констатирам дека истите не беа земени во предвид“, појасни Андоновска.

Андоновска се осврна зошто во Македонија е мал процентот на вакцинирани граѓани.

Според мене мал процент на вакцинирани луѓе има заради тоа што ако се сеќавате ние бевме едни од последи во регионот што добивме вакцини. Практично цела година ние се молевме за некакви донации, одевме во соседството итн. Поради таа неажурност на власт да набави со време вакцини изостана кај нас кампањата за едукација. Јас не се сеќавам дека ние имавме во тој период кога требаше да имаме кампања за вакцинација, кога требаше да ја придобиеме довербата кај граѓаните и да ги мотивираме или стимулираме истите да се вакцинираат. Ние тоа не го правевме. Зошто? Зошто власта немаше обезбедено вакцини“, рече Андоновска.

Андоновска додаде дека тој процес не може сега да се врати назад.

Сега има вакцини, но кај народот се создаде недоверба кон власта. Власта не спроведе никаква кампања за едукација, ниту им обезбеди на граѓаните нешто со кое што би ги мотивирала или стимулирал. Мислите дека сертифкатите се тоа што ги мотивира или стимулира граѓаниет? И тие се беспредметни. Зошто се беспредметни? Повторно се враќаме дека немаме функционален здравствен систем. Знаете дека има лажни сертификати? Јавна тајна е. Кој ги овозможил тие лажни сертификати? Власта овозможила да постојат лажни сертификати. Зошто власта кога знае дека има лажни сертификати, не ги спречи. Кој е одоговорен во моментот за процесите кои што се случуваат? Па, власта е одговорно“, нагласи Андоновска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.