Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски е во работна посета на Вашингтон, каде што на покана на Амбасадата на САД во Македонија, има можност да учествува на Програмата за меѓународни лидери, организирана од американската влада.

Денеска остваривме повеќе средби со високи претставници на Стејт Департментот, како и различни организации од политичкиот и општествениот живот во Вашингтон. Разговаравме за предизвците во надворешната политика во Европа, но и за можностите за продлабочување на соработката помеѓу двете држави.
Благодарност до Амбасадата на САД за оваа можност, да бидам дел од оваа програма каде што учествуваат новинари од медиумите од цела Европа, претставници од ЕУ, невладиниот сектор и различни експерти од различни институции во Европа, објави Мисајловски на својот профил на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.