Владата на денешната седница го разрешила Владо Бучковски од должноста специјален претставник на Македонија во преговорите со Бугарија за надминување на спорот. Разрешувањето на Бучковски поминало на седницата како дел од точката „кадровски решенија“. Разрешувањето доаѓа само еден месец откако беше продолжен мандатот.

Не се соопштени причините за резрешувањето, но неофицијално оценката е дека со новиот пристап, Министерствата за надворешни работи на двете земји преговорите ќе ги водат преку пет работни групи, поради што нема потреба од специјален претставник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.