Вечерва, по повод повод 32 години независност, зградата на Владата на Република Македонија е обоена во боите на македонското знаме.

Под мотото „Гласник на слободата“ денеска со повеќе активности, во организација на Владата, се одбележа Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември.

Граѓаните имаа можност за бесплатна посета на музејски и галериски поставки во ликовните салони и археолошки локалитети низ целата држава, беа одржани тактичко показни вежби и изложба на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, спортски активности во соработка со Агенцијата за млади и спорт, културно-уметнички програми



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.