Владата испрати објаснување по повод церемонијата на изведување на химната на Република Македонија за време на посетата на премиерот на Бугарија Кирил Петков.
Од Владата велат дека не е точно дека намерно бил изоставен делот од химната каде се споменуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Сандански и Крушевската Република, туку дека се изведувала кратка инстументална верзија.
Воениот оркестар на Армијата согласно воениот и државен протокол се ангажира при пречек на странските државници на највисоко ниво при што секогаш и без исклучок се интонираат инструментални кратки верзии на државните химни, а никогаш не се изведуваат верзии на химните во целост и со стихови и вокали. Оттука, дезинформација е дека химната односно стихови од химната биле скратени од било кои причини специфично за оваа посета. Дезинформација е дека било кој стих од химната бил скратен бидејќи стихови воопшто не се изведуваат при вакви церемонии. Ова е востановена пракса во протоколите за пречек, како во Македонија така и во светски рамки. Дека химните во вакви прилики се изведуваат без вокали и само во инструментална кратка верзија – велат од Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.